Економија

Поскапи угостителски услуги: домашните јадења за 15 отсто, ноќевањата за 11 отсто, скарата за 2,3 отсто

05.07.2024

Индексот на цените на угостителските услуги во јуни 2024 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 4,9 отсто. Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во јуни 2024 година, во споредба со мај 2024 година, е зголемен за 0,2 отсто.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Алкохолни пијалаци зa 0,2 отсто и Безалкохолни пијалаци за 2,6 отсто.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – јуни 2024 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 5,7 отсто, додека во однос на декември 2023 година е зголемен за 2,1 отсто, објави Државниот завод за статистика.  

Највисок раст на цените во периодот  јануари – јуни 2024 имало кај домашните јадења за 15 отсто и кај услугите за ноќевање за 11 отсто, во споредба со истиот период лани. Месото на скара поскапело за 2,3 отсто.  


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано