Економија
Во Германија има 2 милиона празни станови, а побарувачката за изнајмување е голема!
04.07.2024
Речиси два милиони станови се празни во Германија во време кога во земјата има голема побарувачка за изнајмување на станови за живеење. Според податоците од пописот од 2022 година објавени денеска, околу 1,9 милиони станови во земјава биле без станари или 4,3 отсто од станбените единици во Германија биле празни, објави Сојузниот завод за статистика.
Повеќе од половина од овие станови, односно 55 отсто од нив, биле празни повеќе од една година поради различни причини, велат статистичарите.
Само 38 отсто биле подготвени за вселување во последните три месеци, а краткиот очекуван период на вселување е забележлив во големите градови Хамбург, Бремен и Берлин.
Една четвртина од сопствениците на недвижности за живеење изјавиле дека планирале градежни работи или санација на празните станови. Околу седум отсто од сопствениците размислувале да го продадат имотот или да се вселат во него. Eдна петтина од сопствениците навеле „нешто друго“ како причина за празниот стан, пренесува „Сеебиз“.
фото freepic