Активностите на јапонската економија се намалиле во првото тромесечие годинава споредено со досегашните прогнози, објави јапонската влада во вонредното соопштение.
Јапонскиот БДП се намали во периодот јануари-март за 0,7 отсто во однос на претходните три месеци. Претходните процени укажуваа на пад за 0,5 процентни поени.
Намалувањето на економските активности се должи на падот на нарачките во градежниот сектор. Приватните станбени вложувања се намалиле за 2,9 отсто, а државната потрошувачка е помала за 1,9 отсто, наспроти претходните предвидувања за раст од три отсто.
На крајот на минатата година растот на БДП стагнирал споредено со минатогодишниот летен период кога забележа намалување за еден отсто, пренесе „Хина“.
фото freepic