Економија
Саудиска Арабија откри седум нови наоѓалишта на нафта и гас
02.07.2024
Саудиска Арабија откри седум наоѓалишта на нафта и гас во Источната провинција и регион познат како Празен кварт, објави официјалната саудиска новинска агенција СПА.
Министерот за енергетика на Саудиска Арабија принцот Абдулазиз бин Салман, информираше дека државната нафтена компанија Сауди Арамко откри две неконвенционални нафтени полиња, резервоар на лесна арапска нафта и две полиња и резервоар на природен гас, пренeсе „Ројтерс“.
Две нафтени полиња и еден резервоар на лесна нафта откриени се во саудиската Источна провинција. Две полиња и резервоар на природен гас се пронајдени во регионот познат како Празен кварт во Саудиска Арабија.
фото freepic