Економија

Намален увозот на енергенти во ЕУ во првиот квартал од 2024 година

01.07.2024

Земјите од Европската Унија во првиот квартал од 2024 година  увезле енергенти во вредност од 95,5 милијарди евра, или вкупно 183,8 милиони тони. Во однос на истиот период лани има намалување на вредноста на увозот на енергентите за 26,4 отсто и во количина за 10,4 отсто, објави денеска Евростат.

Вредноста на увезениот природен гас во првиот квартал од 2024 година е намалена за 56,8 отсто во однос на истиот квартал лани, додека количеството на увезениот гас  е намалено за 11,7 отсто. Сличен тренд е забележан и кај течниот гас, со поголем пад на вредноста на увозот (54,1 отсто) и помал пад на количеството увезен гас (11,4 отсто).

Значителниот пад на вредноста на увезените енергенти во ЕУ е поради падот на цените на природниот гас по скокот на цената во 2022 година, додека намалувањето на обемот треба да се гледа во контекст на планот за намалување на потрошувачката, според кој земјите од ЕУ се обврзаа да ја намалат потрошувачката на гас за најмалку 15 проценти, пренесе „Политика“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано