Економија
Голем пад во производството на струја во БиХ
30.06.2024
Бруто производството на електрична енергија во Босна и Херцеговина во април годинава изнесуваше 1.015 гигават часови, што е помалку за 23,51 отсто споредено со истиот месец во 2023 година, а за 24,87 отсто помалку во однос на март годинава, објави Агенцијата за статистика на БиХ.
Во вкупното бруто производство хидроелектраните учествувале со 34 отсто, термоелектраните со 60,9 отсто и соларните и ветерните елктрани со 5,1 отсто.
Хидорелектраните во БиХ во април произвеле 531 гигават час што е намалување за 29,01 отсто во однос на истиот месец во 2023 година и намалување од 42,98 отсто во однос на март годинава. Термоелектраните произвеле 618 гигават часови што е намалување за 22,17 отсто од април минатата година или за 9,65 отсто во споредба со март годинава. Соларните и ветерните електрани произвеле 52 гигават часови, објавија „Независне новине“.
фото freepic