Економија

Кризата се одрази и на земјоделството, во ЕУ помалку се користат вештачки ѓубрива

29.06.2024

Количината на минералните ѓубрива  која се користела во Европската Унија во 2022 година изнесувала 9,8 милиони тони и претставува голем пад од 10,3 отсто во споредба со претходната година, објави Евростат.

Канцеларијата за статистика на ЕУ информира дека кумулативниот пад изнесува 15,9 отсто во однос на релативната  максимална потрошувачка на ѓубрива во 2017 година. Употребата на ѓубривата на база на азот во земјоделското производство во ЕУ е намалена на 8,9 милиони тони во 2022 година, што е годишно намалување од 9,4 отсто.  Најмногу азотно ѓубриво користеле земјоделците во Франција и Германија.

Употребата на фосфорни ѓубрива изнесува 0,9 милиони тони или намалување од 17,9 отсто во споредба со 2021 година. Околу половина од количините на фосфорно ѓубриво било потрошено во Франција, Шпанија, Италија и Романија.

Намалувањето на количината на искоритени минерални ѓубрива во ЕУ во 2022 година се поврзува со растот на цената на ѓубривата од почетокот на војната во Украина и воведувањето на санкциите на Русија, се наведува во информацијата на Евростат, пренесува „Еуроњуз“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано