Економија
Голем месечен раст на невработеноста во Германија
29.06.2024
Бројот на невработени во Германија во јуни годинава е зголемен за 19 илјади во споредба со претходниот месец, поради стагнација на економијата која негативно влијае на пазараот на труд. Федералната агенција за вработување (БА) ги објави јунските податоци за невработеноста во Германија. Според најновите податоци, бројот на невработените во земјата достигнала 2,7 милиони.
Десезонираната стапка на невработеност во земјата, која во мај изнесуваше 5,9 отсто, се зголеми на шест отсто во јуни, со што го достигна највисокото ниво од мај 2021 година.
Претседателката на Федералниот завод за вработување Андреа Нахлес изјави дека слабостите на германскиот пазар на работна сила ќе продолжат во наредните месеци. Германската економија избегна да влезе во техничка рецесија, забележувајќи раст од 0,2 отсто во првиот квартал годинава, по двегодишната рецесија, пренесе Н1.
фото freepic