Вести

Продолжен рокот за поднесување барање за субвенции за 2024 година

28.06.2024

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го продолжи рокот за аплицирање за субвенции за 2024 година за земјоделците кои до денеска сѐ уште го немаат остварено своето право за поднесување апликација.

Согласно Одлуката на Влада од првата седница, точка 13, рокот за аплицирање за субвенции за основните мерки за растително и сточарско производство се продолжува за период од еден месец, односно крајниот рок за поднесување на апликации за субвенции од Програмата за директни плаќања за 2024 година е 31 јули 2024 година.

-  Ги повикуваме сите земјоделци кои го немаат реализирано оваа право, доколку не можат сами да креираат апликации да се јават во Подрачните единици на МЗШВ каде од страна на вработените ќе им биде креирана и поднесена апликацијата или самостојно да си поднесат апликација за субвенции за 2024 година согласно Програмата и Уредбата за директни плаќања за 2024 година, стои во соопштението  од МЗШВ.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано