Економија

Цените на храната во ЕУ се пониски за шест отсто, млекото поевтини за 12 отсто

27.06.2024

Просечните цени на земјоделските производи во Европската Унија се намалија за шест отсто во првиот квартал годинава во однос на истиот период во 2023 година, објави Евростат.

Заводот за статистика на ЕУ забележува дека  најголем пад од 28 отсто е забележан кај просечната цена на житарките. Цената на млекото се намали за 12 отсто, на јајцата и на индустриските култури (маслени семиња, протеински култури, сиров тутун, шеќерна репка) за 10 отсто, а свежиот зеленчук е поевтин за шест отсто. Големо намалување на  цената од 33 отсто има кај доматите.

Просечната цена на компирот е зголемена за 22 отсто, а на свежото овошје за 20 отсто. Кај производните трошоци  кои не се поврзани со инвестициите, највисоки стапки на пад на цените се забележани кај вештачките ѓубрива (31 отсто), добиточната храна (16 отсто) и енергијата и мазива (12 отсто).

На национално ниво,  највисоко намалување на цените на земјоделските производи има  во Унгарија (24 отсто), Бугарија и Романија (и 18 отсто) и Словачка и Чешка. (по 17 отсто). Цените пораснаа во земји на ЕУ, најмногу во Грција (за 20 отсто), во Малта и Шпанија (четири отсто) и Португалија и Кипар (еден отсто), пренесе РТВ.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано