Економија

Унгарија го укинува задолжително намалување на цените на храната

26.06.2024

Унгарија од 1 јули ќе ја укина одлуката за задолжително намалување на цените на основните животни продукти во малопродажбата, бидејќи инфлацијата во земјата е намалена, соопштија од Министерството за економија.

Владата на премиерот Виктор Орбан ја донесе одлуката за замрзнување на цените во јуни минатата година, затоа што Унгарија се соочуваше со највисок раст на  цените на храната во Европската Унија. 

-       Поради намалување на инфлацијата, реалните плати растат од септември 2023 година. Приходите на домаќинствата повеќе вредат, а со тоа се влијае и на довербата кај потрошувачите и на зголемување на потрошувачката, информираат од Министерството за економија.

Инфлацијата во Унгарија го достигна максимумот од 25,7 отсто на годишно ниво во јануари 2023 година. Сега инфлацијата е вратена во очекуваните рамки од два до четири отсто, кои се поставени од Централната банка на Унгарија.

Со одлуката за задолжителни цени, трговците во малопродажбата со поголем годишен промет над 2,72 милиони долари мораа да понудат неделни попусти на 20 прехранбени артикли, меѓу нив на пилешкото месо, млекото, сирењето и лебот,  од најмалку 15 отсто  во споредба со најниската понудена цена во претходните 30 дена, пренесе „Бизнис.ба“.  


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано