Бизнис

САД инвестираат 100 милиони долари во евтини станови

24.06.2024

Секретарот за финансии на САД Џенет Јелен денеска ќе објави ново финансирање од 100 милиони долари за зголемување на понудата на  станови со прифатливи цени, се вели во соопштението на Министерството за финансии.

Мерката е еден од неколкуте потези на министерството во обид да го реши недостигот на станови, што е извор на незадоволство од економската политика на претседателот Џо Бајден пред претседателските избори на 5 ноември.

Дополнителните 100 милиони долари во текот на три години доаѓаат од плаќањата што одделот ги добива од претходните инвестиции за заемодавци во заедницата за поддршка на малите бизниси, потрошувачите и проектите за достапно домување за време на пандемијата Ковид-19.


 

Извор МИА

фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано