Општество
Во ЕУ животниот век се зголемува на 81,5 години
23.06.2024
Најдолг животен век во земјите на Европската Унија е забележан во Шпанија и изнесува 84 години. Следуваат Италија со 83,8 години и Малта со 83,6 години, покажуваат прелиминарните податоци за 2023 година објавени од Евростат.
Очекуваниот животен век во ЕУ во 2023 година бил 81,5 години, што е за 0,9 години повеќе од 2022 година и за 0,2 години повисоко од нивото пред пандемијата на корона во 2019 година.
Во 15 земји очекуваниот животен век го надминал просекот на ЕУ, а најкраткиот животен век е забележан во Бугарија со 75,8 години, во Летонија со 75,9 години и Романија со 76,6 години.
Во Романија очекуваниот животен век е зголемен за една година, во Литванија со пораст од 0,8 години и Бугарија, Чешка, Луксембург и Малта, кои имаат пораст од 0,7 години.
Австрија и Финска забележаа најголем пад на очекуваниот животен век од 0,4 години, а потоа следат Естонија и Холандија, кои забележаа намалување на животниот век за 0,2 години, пренесе „Блиц“.
фото freepic