Економија

Во САД е намалена изградбата на станови и куќи

23.06.2024

Во Соединетите Американски Држави во мај изградбата на куќи и станбени згради е помала за 5,5 отсто  отколку во април годинава. На годишна основа, бројот на започнати изградби на згради  се намали на 1,28 милиони, објави американското Министерство за трговија.

Бројот на новоизградени семејни куќи започнати во мај во однос на април е намален за 5,2 отсто на околу 982.000. Бројот на нови станбени згради падна за 13,7 отсто на годишно ниво односно за  околу 278.000 единици.

Бројот на барања за градежни дозволи за станови и куќи во мај се намали  за 3,8 отсто на околу 1,39 милиони во однос на април . Од нив, бројот на барања за куќи е помал за 2,9 отсто, а за станбени блокови за 6,1 отсто, пренесе „Бизнис.ба“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано