Економија

ЕК ги одобри субвенциите од три милијарди евра за инфраструктура за водород во Германија

22.06.2024

Европската комисија  и даде дозвола на Германија да инвестира околу три милијарди евра во нејзината инфраструктура за изградба на далноводи за водород. Позитивните ефекти од државните субвенции ќе бидат поголеми од потенцијалната штета што може да ја предизвика нарушувањето на пазарната конкуренција, објави „Сеебиз“.

Првиот голем гасовод во Германија треба да биде пуштен во употреба следната година, а комплетната централна мрежа треба да биде готова до 2032 година.

Конкретно, компаниите ќе добијат поддршка во форма на државни гаранции преку кои ќе можат да добијат поволни кредити. Ова може да ги покрие загубите што се очекуваат на почетокот на проектот.

Германија и други земји инвестираат во водород како потенцијално еколошки енергент за употреба во индустријата и транспортот. ЕУ има строги правила за државна поддршка за компаниите преку директни субвенции или даночни олеснувања.

Правилата имаат за цел да им обезбедат на компаниите од различни земји на ЕУ да можат фер да се натпреваруваат на единствениот пазар.

Таканаречениот „зелен“ водород произведен со користење на обновлива енергија од ветер и сончева енергија е наменет да ги замени фосилните горива како дизелот за камиони или јагленот во високите печки за производство на челик.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО