Економија

Во 5 држави низ Балканот снема струја

21.06.2024

Во 5 држави низ Балканот снема струја

 

Прекинот на снабдувањето со електрична енергија во делови на Република Хрватска предизвика меѓународен прекин што зафати повеќе земји, се вели во соопштението на Хрватската електроиндустрија (ХЕП).

Хрватскиот преносен систем оператор (ХОПС) врши анализа со системските оператори од соседните земји за да се утврди причината. За да го ублажи проблемот со меѓународниот прекин во снабдувањето со електрична енергија, Хрватска електростопанстви ги стави во целосна функција сите производствени капацитети за ХОПС да обезбеди што поскоро дистрибуција на електрична енергија за граѓаните на Хрватска, јавија хрватските медиуми.

Како што дознава Хина, досега никогаш немало дефект на електроенергетскиот систем преку три држави. Исто така, се дознава дека во моментов диспечерите интензивно разговараат меѓу себе, држава со држава, за да утврдат што се случило и да направат план за закрепнување, бидејќи ниту една држава не може да биде изолирана во однос на напојувањето, бидејќи сите се поврзани со далноводи.

Причината за прекинот не е позната.

По невидениот колапс на електропреносниот систем на Балканот, покрај Црна Гора, Босна и Херцеговина и речиси цела Далмација, дури и делови од Албанија и Грција, немаат струја.

Во Македонија состојбата е стабилна и нема пријави за нефункционирање на мрежата и недостаток на струја.

Околу пладне речиси цела Црна Гора остана без струја. Падот на системот се пренесе и ја блокираше Босна и Херцеговина, а во Хрватска меѓу првите градови кои останаа без напојување на електрична енергија беше Дубровник.


Извор МИА

фото freepic 

 

ПРЕПОРАЧАНО