Економија
Јапонија од голем увозник на јаглен ќе стане енергетски независна до 2060 година!
20.06.2024
Јапонија која е голем увозник на јаглен и течен природен гас (ЛНГ) може да биде енергетски независна земја до 2060 година, благодарение на ширењето на обновливите извори на енергија од сонце и ветер и со инсталирање на нови батериски складишта. Јапонија ги увезува поголемиот дел од енергетските ресурси, а главни снабдувачи се земјите од Блискиот Исток, Австралија и САД. Стрaтегијата на јапонската влада предвидува намалување на увозот на ЛНГ и јаглен на помалку од 40 отсто во производството на електрична енергија до 2030 година, објави „Ројтерс“.
Во овој момент, фосилните горива во Јапонија имаат учество од 60 отсто во енергетските потреби на државата, но енергетичарите предупредуваат дека земјата се движи бавно во процесот на енергетската транзиција.
- Јапонија мора да увезува енергенти, но со развојот на технологијата за обновливи извори на енергија состојбата може да се промени, изјави Јаранд Рајстад, извршен директор на консултантската куќа „Ристад Енерџи“.
Според неговите предвидувања, Јапонија до 2060 година може да биде енергетски самостојна , така што 45 отсто од струјата ќе ја добива од сонцето, 30 отсто од ветерните електрани, повеќе од ветерните турбини на море, по 5 отсто од хидроенергијата и од биоамаса, додека нуклеарните електрани би обезбедувале 15 отсто.
Јапонија треба да продолжи да инсталира соларни електрани како во периодот пред 2020 година. Од 2014 година државата инсталирала меѓу 10 и 12 GW нови постројки за производство на електрична енергија од обновливи извори.
Јапонија минатата година инсталираше околу 4 GW нови соларни капацитети, а вкупниот инсталиран капацитет достигна 87 GW и таа е трета земја во светот, по Кина и САД, објави „Екапија“.
фото freepic