Економија
Најголем раст на органско земјоделско производство има во Хрватска, Португалија и Бугарија
20.06.2024
Површините кои се користат за органско земјоделско производство во Европската Унија се зголемуваат и во 2022 година, кога достигнале 16,9 милиони хектари. Во 2021 година овие земјоделски површини изнесувале 15,9 милиони хектари, а во 2020 година биле 14,7 милиони хектари, објави Евростат.
Во 2022 година површините кои се користат за органско производство учествувале со 10,5 отсто од вкупното искористено земјоделско земјиште во Европската Унија.
Органското земјоделско производство е зголемено во сите земји во ЕУ. Најголем раст оствариле Хрватска со 306 отсто, Португалија со 278 отсто и Бугарија со 182 отсто.
Најголемо учество на органското земјоделско производство има во Австрија (27 отсто), Естонија (23 отсто) и Шведска (20 отсто). Сепак, учеството на органското производство во пет земји во ЕУ во 2022 година е под пет осто од вкупното земјоделско производство. Најниско учество има во Малта (под еден отсто) и во Бугарија и Ирска со два отсто, објави „Еуроњуз“.
фото freepic