Економија
Србија нарача студија за мирновременско користење на нуклеарна енергија
19.06.2024
Министерството за рударство и енергетика на Србија објави тендер за изработка на прелиминарна техничка студија за мирновременско користење на нуклеарната енергија во земјата. За изработката на студијата се одобрени 14,2 милиони динари и таа треба да биде готова за 12 недели.
Консултантската фирма која ќе биде избрана треба да спроведе истражување за различните достапни типови на нуклеарна енергија на пазарот, како и придружни податоци за компаниите кои ги развиваат овие технологии, за бројот на нукларните постројки во светот, за цените за единица произведена електрична енергија, ориентационата цена за доставување на потребната опрема од потенцијалните партнери, како и проценки за предноста, недостатоците и ризикот од користењето на нуклеарната енергија.
Консултантот треба да идентификува до осум конвенционални нукларни технологии и опрема за мали модуларни реактори (СМР) за кои се смета дека ќе одговараат на потребите за снабдување со електирчна енергија на Србија.
Од ресорното министерство информираат дека треба да се даде и решенија за интегрирање на нуклеарната постројка на постојниот електроенергетски систем во земјата. Пред донесувањето на одлука за почетокот на остварувањето на нуклеарната програма, потребно е да се изврши детална и споредбена анализа за достапните технологии на пазарот на конвенционални нуклеарни електрани од III+ генерацијата и за напредната технологија како што се малите модуларни реактори (СМР).
Владата на Србија во април потпиша Меморандум за разбирање со Француското електростопанство (ЕДФ) , со што се создадоа услови за стратегиско партнерство во проценката за развојот на нуклеарната енергија во Србија.
Од 1989 година во Србија е забранета изградба на нуклеарнаа електрана, пишува „Нова економија“.
фото freepic