Економија
Германските компании очекуваат високи профити од соработката со Индија
19.06.2024
Индија нуди широки можности за соработка и за зголемување на економските активности со германските компaнии. Во анкетата која била спроведена во 85 ограноци на германските компании во Индија и од Германија, повеќе од 78 отсто очекуваат раст на продажбата, а 55 отсто повеќе профит во оваа фискална година, објави агенцијата ДПА.
Индија е привлечна земја за инвeстирање поради ниските плати, политичката стабилност и квалификуваната работна сила. Како ограничувачки фактори за поголема соработка се бирократските пречки, корупцијата и даночниот систем, посочуваат од анкетираните компании.
- Долгорочните прилики се позитивни, а повеќето фирми планираат нови вложување во наредните пет години. Индија има се поголемо значење како регионален производен центар и како глобална развојна локација, изјави Штефан Халуса, извршниот директор на Индо-германската стопанска комора.
Индија е петта економија во светот, според висината на БДП. Со силниот економски раст во последните години, земјата привлекува нови инвеститори, и наскоро ќе ја надмине германската економија, предвидуваат економистите.
фото freepic