Економија

Норвешка го зголеми извозот на нафта за 27 отсто

18.06.2024

Извозот од Норвешка во мај годинава забележа силен раст, кој е поттикнат од растот на испораките на нафтата  за 26,8 отсто и на гасoт за 6,6 отсто. Извозот е повисок за 9,9 отсто во однос на мај минатата година, додека увозот забележи стагнација, објави Заводот за статистика на Норвешка.

Доколку се исклучат испораките на плинот и на нафтата  годишниот извоз во мај е зголемен само за 1,4 отсто. На месечно ниво вкупниот извоз е намален за 4,4 отсто, пренесува „Хина“.

Надворешнотрговскион биланс на Норвешка  за мај годинава покажува вишок во размената со светот од 5,15 милијарди евра, што е зголемување за 29,4 отсто, споредено со истиот  месец лани.


фото freepic 

 

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано