Економија

САД заостануваат во развојот на нуклеарната индустрија

18.06.2024

Соединетите Американски Држави заостануваат 15 години зад Кина во развојот на високотехнолошката нуклеарна енергија. Кина има 27 нуклеарни реактори во изградба со просечни рокови на изградба од околу седум години, што е побрзо во однос на другите земји, се наведува во истражувањето на Фондацијата за информатичка технологија и иновации, кој е независен истражувачки институт со седиште во Вашингтон.  

-       Брзото поставување на модерни нуклеарни електрани во Кина покажува дека кинеските компании во иднина ќе имаат предност во воведувањето на иновации во овој сектор. САД имаат најголем број на нуклеарни електрани во светот, а американската администрација смета дека овој извор на електрична енергија е клучен за спречување на климатските промени, објави „Ројтерс“.

Во САД не се градат нуклеарни реактори, по вклучувањето на две големи електрани во сојузната држава Џорџија во 2023 и 2024 година, за чија изградба беа пробиени роковите и буџетот за над милијарда долари. Минатата година беше откажана изградбата на една високотехнолошка електрана во САД.

Од друга страна. Кинеските државни банки можат да понудат поволни кредити  од оние што се нудат во западните економии. Кинеската нуклеарна индустрија има корист од трајната државна поддршка и стратегија, која и овозможи на земјата да доминира во секторите за обновлива енергија и во електричните автомобили,пренесува „Еуроњуз“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано