Економија
Во Црна Гора цените се повисоки за 4,9 отсто, најмногу поскапело овошјето, млекото...
15.06.2024
Цените на производите и услугите за лична потрошувачка во мај годинава, мерени според индексот на потрошувачки цени, се повисоки за 4,9 отсто, во однос на истиот период минатата година. Потрошувачките цени во мај во однос на април во просек се повисоки за 0,1 отсто, покажуваат податоците на Монстат.
Најголемo влијание на месечната стапка на инфлација во Црна Гора имал растот на цените на овошјето, млекото, сирењето, облека, услугите за сместување, месото, воздушниот превоз на патници, лебот и житарките, рибата и морските плодови. Потрошувачките цени во периодот јануари-мај 2024 година, во споредба со истиот период лани, се повисоки за 4,9 отсто, пренесе „Мина“.
Според главните групи на производи и услуги во мај годинава забалежан е месечен раст на цените во групата ресторани и хотели за 1,3 отсто и кај облеката и обувките за 0,9 отсто. Минимално намалување на цените под еден отсто има кај превозот, мебелот, рекреацијата и културата.
фото freepic