Економија

Стапката на вработеност во ЕУ изнесува 75,7 отсто

14.06.2024

Во првиот квартал на 2024 година стапката на вработеност на граѓаните во Европската Унија, кои се на возраст од 20 до 64 години,  изнесува 75,7 отсто. Во овој период има незначително зголемување на вработеноста од 0,2 процентни поени во споредба со четвртиот квартал во 2023 година, објави Евростат.

Стапката на вработеност во 15 земји од ЕУ е различна, а наjголем раст во наведениот период има во Хрватска и изнесува 1,8 отсто. Висок раст на вработеноста има и во Словенија со 1,3 процентни поени, а Бугарија и Грција имаат раст од 0,9 отсто, пренесе „Политика“.

Стапката на вработеност остана стабилна во Италија и Латвија, а во десет земји од ЕУ има намалување на вработеноста. Најголемо намалување од 0,5 отсто има во Кипар, Естонија и Литванија.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано