Економскиот раст на земјите во Г20 во првиот квартал годинава изнесувал во просек 0,9 отсто, а Турција има најголем раст од 2,4 отсто. Според податоците на Организацијата за економски развој и соработка ОЕЦД, економскиот раст во земјите од Г20 во претходниот квартал изнесувал 0,7 отсто, а движечки фактор беа економиите на Кина и Индија. Овие две земји, заедно со Турција, Саудиска Арабија, Јужна Кореја и Индонезија остварија повисоки стапки од просекот на Г20.
Турција има најголем економски раст меѓу земјите од Г20 со 2,4 отсто, Индија со 1,9 отсто, Кина со 1,6 отсто, Саудиска Арабија со 1,4 отсто, Јужна Кореја со 1,3 отсто и Индонезија со 1,2 отсто, пренесува „Банкар.ме“.
Јапонија бележи економски пад од 0,5 отсто и ЈАР со 0,1 отсто. Во првиот квартал во Бразил, Велика Британија и Германија имаше сигнали на благо заздравување на економиите .
Индија е земја со највисок годишен економски раст со 8,4 отсто и Турција со 7,4 отсто раст.