Економија

Побарувачката за нафта ќе го достигне врвот до 2029 година

12.06.2024

Глобалната побарувачка на нафта ќе го достигне максималното ниво до 2029 година, а потоа ќе почне да се намалува. Капацитетите за снабдување со нафта значително ќе ги надмине потребите до крајот на оваа деценија, објави Меѓународната агенција за енергија.

Агенцијата за енергетски надзор  предвидува дека капацитетите за снабдување со нафта ќе достигнат 114 милиони барели дневно до 2030 година. Тоа е за осум милиони барели дневно над предвидените побарувања што беа проектирани во нивниот годишен извештај.

-       Проекциите на овој извештај, кои  се засновани на најновите податоци, покажуваат голем вишок на страната на понудата што ќе се појави оваа деценија. Ова значи дека нафтените компании сакаат да се уверат дека нивните деловни стратегии и планови се подготвени за промените кои се случуваат, изјави Фатих Бирол, извршниот директор на ИЕА, пренесува „Ројтерс“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано