Економија

Во Европската Унија пензиите учествуват со 12,9 отсто од БДП

12.06.2024

Издатоците за пензии во Европската Унија во 2021 година учествуваат со 12,9 отсто во БДП на европската заедница. Вкупната сума за пензии се зголемени за 2,8 отсто во однос на 2020 година, но нивното учество во БДП е помало за 0,7 отсто  споредено со 2020 година, кога изнесуваа 13,6  отсто, објави Еуростат.

Во Грција износот на трошоците за пензии се највисоки и учестуваат со 16,4 отсто од БДП, во Италија со 16,3 отсто, во Австрија 15 отсто и во Франција 14,9 отсто.

Најмало учество на пензиите од 4,5 отсто од БДП има во Ирска, во Малта е 6,4 отсто  во Унгарија 7 отсто и Литванија со 7,1 отсто.

Во 2021 година околу 27 отсто од граѓаните на Европската Унија биле пензионери. Старосна пензија примале повеќе од 80 отсто од пензионерите, а потоа следат семејните пензии, инвалидските и социјалните пензии.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО