Финансии / Банкарство

Хрватските граѓани со блокирани сметки должат 3,8 милијарди евра

11.06.2024

Долгот на хрватските граѓани кон банките во Хрватска во мај изнесува 670 милиони евра без камати, а кон сите финансиски институции долгот изнесува 760 милиони евра, На крајот на мај годинава биле блокирани сметките на 206,6 илјади граѓани во Хрватска во вкупен износ на главниот долг од 2,78 милијарди евра, како и на 13,7 илјади деловни субјекти, чиј долг изнесува 714 милиони евра, објави Финансиската агенција  Фина.

На крајот на мај вкупниот основен долг на граѓаните изнесува 2,78 милијарди евра што е за 16,3 отсто повеќе во однос на истиот месец лани.  Кога на оваа сума ќе се додаде и долгот по основ на камати во висина од 1,02 милијарди евра, вкупниот долг на граѓаните со бликирани сметки изнесува 3,8 милијарди евра.

Во истиот период, вкупниот долг на фирмите со блокирани сметки изнесувал 931,4 милиони евра, пренесува „Пословни дневник“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано