Финансии / Банкарство

Тони Стојановски нов директор на НЛБ банка АД Скопје, на местото на Бранко Грегановиќ

10.06.2024г

Од банката преку соопштение до берзата информираат дека Надзорниот одбор на банката со одлука донесена на 131-вата седница, одржана на 10 Јуни 2024 година, го именуваше г- дин Тони Стојановски за нов Претседател на Управниот одбор на банката

„Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следниве измени во органите на управување:

Врз основа на член 33 од Правилата за котација на Македонска берза за хартии од вредност АД Скопје, НЛБ Банка АД Скопје известува дека на ден 07.06.2024 година, Г-дин Бранко Грегановиќ, поднесе оставка од функцијата Претседател на Управниот Одбор на НЛБ Банка АД Скопје.

Воедно, НЛБ Банка АД Скопје известува дека Надзорниот одбор на банката со одлука донесена на 131-вата седница, одржана на 10 Јуни 2024 година, го именуваше г- дин Тони Стојановски за нов Претседател на Управниот одбор на банката, која одлука ќе влезе во сила по добивање на согласност од Гувернерот на Народната Банка на Република Северна Македонија.

До добивање на согласност од Гувернерот на Народната Банка на Република Северна Македонија за именувањето на нов Претседател на Управен одбор на Банката, г-дин Бранко Грегановиќ ќе продолжи да ја извршува својата функција како Претседател на Управен Одбор на НЛБ Банка АД Скопје“, се вели во соопштението.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано