Економија
Италијанскиот туристички сектор бележи рекорди
09.06.2024
Минатата година туристичкиот сектор во Италија оствари рекорд во остварениот промет, со регистрирани 134 милиони туристи и 451 милиони ноќевања во сместувачките објекти, покажуваат заедничките податоци на италијанското министерство за туризам и статистичкиот завод Истат.
Во 2023 година во Италија имало три милиони туристи или 2,3 отсто повеќе од предпандемиската 2019 година или за 14,5 милиони ноќевања односно 3,3 отсто повеќе ноќевања, објави италијанската новинска агенција „Анса“.
Минатата година бројот на туристи е поголем за 13,4 отсто во однос на 2022 година, а бројот на ноќевањата за 9,5 отсто. Странските гости оствариле 52 отсто од ноќевањата. Јужните региони на Италија се попривлечни за домашните туристи, со исклучок на Кампанија со главниот град Неапол, каде странските гости учествуваат со 52 отсто.
Регионите Молизе, Абруци, Марке, Калабрија, Емилија-Ромања и Апулија главно се фокусираа на домашниот туризам, каде што повеќе од две третини од туристите беа Италијанци.
фото freepic