Економија

БЕА: Пораст на трговскиот дефицит на САД

07.06.2024

Трговскиот дефицит на Соединетите Американски Држави во април годинава  се зголеми  на 74,6  милијарди долари во однос на март кога изнесуваше   68,6  милијарди долари, објави американското Биро за економски анализи (БЕА).

Во април  американскиот увоз пораснал за 8,7 отсто на 338,2 милијарди долари, пред се поради зголемениот увоз на патнички автомобили, компјутерска опрема, телекомуникациска опрема и сурова нафта. Извозот од САД се зголеми за скромни 0,8 отсто на 263,7 милијарди долари, благодарение на  извозот на фармацевтски производи, електрични апарати и полупроводници.

Трговскиот дефицит на САД со Европската Унија се зголеми за 11 отсто на 22,5 милијарди долари, додека трговскиот дефицит со Кина се намали за 11 отсто на 22 милијарди долари.

Бирото за економски анализи на 30 мај објави дека американската економија во првиот квартал од 2024 година пораснала за 1,3 отсто на годишно ниво.

Извозот на САД во првиот квартал од 2024 година се зголемил за 1,2 отсто на годишно ниво, а увозот за 7,7 отсто.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано