Вести
Градски паркинг-Скопје започнува со летно сметање на работното време
31.05.2024г.
Јавното претпријатие Градски паркинг- Скопје ги известува граѓаните дека од 01.06.2024 (сабота) започнува летно сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање- зонско, со кои стопанисува претпријатието. Работното време во зоните А, Б, Ц и Д ќе биде:
- Од понеделник до сабота: 07:00- 23:00 часот.
Од компанијата апелираат сите корисници да бидат внимателни и навремено да извршат наплата при паркирање согласно наведеното работно време.