Економија
Во 2022 година околу половина од вкупниот извоз и увоз направен од првите 50 претпријатија
29.05.2024г
Повеќе од 90 отсто од вкупната стоковна размена на земјава во 2022 година е реализирана од претпријатијата вклучени во двата протока на стоки, покажуваат дефинитивните податоци на Државниот завод за статистика.
Притоа, суфицитот во размената на стоки е генериран, главно, од претпријатијата што му припаѓаат на секторот Индустрија, а дефицитот од претпријатијата што му припаѓаат на секторот Трговија.
Според податоците на Државниот завод за статистика, околу половина од вкупната вредност на извозот и на увозот е концентрирана во првите 50 претпријатија.
извор/фото: МИА архива