Економија

Кинеските туристи ги избираат домашните дестинации

29.05.2024

Кинеските патници повеќе ги избираат домашните туристички дестинации, отколку да патуваат во странство. Само 14 отсто од кинеските  домаќинства со високи приходи, кои минатата година биле на одмор во странство, планираат да патуваат надвор од земјата во 2024 година, покажува истражувањето кое го објави  консултантската компанија Оливер Вајман.  

Во истражувањето биле вклучени семејства од континенталниот дел на Кина, кои месечно заработуваат најмалку 30.000 јуани (4.140 долари) или 50.000 долари годишно.  Како главна причина за изборот на домашните дестинации, анкетираните лица ги навеле „прескапите цени за меѓународни патувања“. Просечната цена за патување на едно лице во внатершноста на Кина изнесува помалку од 1.000 јуани, додека за патување до Хонг Конг или до Јапонија потребни им се неколку илјади јуани.

Резервациите за патување во внатрешноста на земјата во 2023 година се поголеми за 2,6 пати во однос на периодот пред пандемијата во 2019 година.

-       Годинава домашниот туризам во Кина ќе го надмине нивото од пред пандемијата, изјави Ешли Дударенок, сопственичка на кинеската дигитална консултантска компанија „Чозан“.

Таа очекува зголемување на патувањата  во странство да се одвива на подолг рок, затоа што кај кинеските туристи преовладува ставот дека постои поголема несигурност во светот, во однос на минатата година, пренесува „Сеебиз“. 


фото freepic 

 

ПРЕПОРАЧАНО