Економија
Кој е најголемиот европски производител на струја од јаглен?
29.05.2024
Во првите четири месеци во 2024 година, Турција стана најголем европски производител на електрична енергија со користење на јагленот. Термоелектраните во Турција произвеле 36 терават часа (TWh) електрична енергија и ги надмина германските капацитети кои произвеле 34,6 TWh. Полска е на трето место за производство на електрична енергија добиена од јаглен со 31,3 TWh, пренесува „Ројтерс“.
Германија во периодот јануари-април 2024 година го намали производството на струја во термоелектраните за 32 отсто во споредба со истиот период лани. Во однос на 2019 година Полска го намалила производството на струја од термоелктраните на јаглен за 19,4 отсто.
Меѓу 2022 и 2023 година, производството на струја од обвновливи извори е зголемена за девет отсто во Германија, за 21,4 отсто во Полска и во Холандија за 21 отсто.
Во првите четири месеци 2024 година, јагленот учествувал со 34 отсто од вкупното производство на струја во Турција, во Чешка учеството е 35 отсто и во Бугарија со 30 отсто.
фото freepic