Економија
Потрошувачката на природен гас во ЕУ е на најниско ниво
29.05.2024
Побарувачката за природен гас во Европската Унија во 2023 година е намалена за 7,4 отсто и достигна 12,72 милиони тераџули, објави Евростат.
Потрошувачката на гасот во Европскта Унија се намалува две години по ред, а во 2022 година е намалена за 13,3 отсто во однос на 2021 година.
Лани во Европската Унија е забележана најниска потрошувачка на природен гас од 2008 година. Повеќето земји од ЕУ ја намалуваат потрошувачката за овој енергент. Германија минатата година потрошила 2,96 тераџули, што е намалување за 3,8 отсто од 2022 година. Во Италија потрошувачката на гас е намалена за 10 отсто и изнесуваше 2,35 милиони тераџули, а во Франција намалувањето е за 11,7 отсто и во оваа земја се потрошени 1,36 милиони тераџули.
Раст на потрошувачката на природен гас има во Финска за 25,6 отсто, во Шведска за 11,1 отсто, во Полска за 5,3 отсто, Малта за 4,5 отсто. Во Данска има раст на потрошувачката од 1,1 отсто и во Хрватска од 0,8 отсто, пренесе РТВ.
фото freepic