Економија
ММФ: Богатите мигранти ја подобрија црногорската економија
25.05.2024
Црногорската економија во 2023 година забележа раст од шест отсто, како резултат на силната потрошувачка, приходите од туризмот и финансиските приливи од имотните Руси и Украинци. Невработеноста во Црна Гора е намалена на рекордно ниско ниво, а инфлацијата е значително намалена во однос на 2022 година, кога го достигна максималното ниво, се наведува во Извештајот за Црна Гора, кој е објавен од Меѓународниот монетарен фонд.
Според ММФ, Црна Гора доживеа значителен прилив на мигранти од Русија и од Украина од почетокот на 2022 година. Според проценките, мигрантите во оваа земја учествуваат со десет отсто од населението на Црна Гора.
Граѓаните од Русија и Украина најмногу влијаеле на домашната економија преку потрошувачката и увозот. Нивното влијание на растот на увозот би изнесувал околу 3,4 процентни поени. Најголемо влијание е регистриран во информатичкиот сектор во ЦГ , кој оствари раст од 20 отсто и влијаеше на вкупниот економски раст за 1,5 процентни поени.
Покрај реалниот раст, доаѓањето на богатите економски мигранти, според проценките на ММФ, имале влијание и на инфлацијата поради зголемената агрегатна потрошувачка, зголемените цени на недвижностите и даночните приливи. Долгорочно гледано, овие мигранти можат да го поддржат растот на Црна Гора, но ќе биде потребно и внимателно управување со фискалните политики за да се избегнат потенцијалните ризици, пренесува „Дан“.
фото freepic