Економија

Хрватска пошта со најголем возен парк за еколошка достава на пратките

24.05.2024

Поштата на Хрватска презема крупни чекори во остварување на целта за доставата на поштенските пратки да биде во согласност со прописите за климатско неутрално делување. Минатата година хрватски пошти го зголемиле „зелениот“ возен парк на 423 електрични возила и тоа ја става на прво место меѓу компаниите во Хрватска кои поседуваат најголем возен парк на електрични возила.

Поштенската компанија развила и сопствена мрежа за полнење на електричните возила, кои се лоцирани во центрите за сортирање и дистрибуција на поштенските пратки. Досега се поставени повеќе од 70 полначи кои се наоѓаат во 18 градови. Благодарение на електричниот возен парк  и со велосипедите за достава во пешачките реони хрватските поштари минатата година поминале пет милиона зелени километри, а компанијата заштедила повеќе од 870 тони на емисија на CO2.

Меѓународната поштенска корпорација (ИПЦ) го објави своето ново истражување за прекуграничната е-трговија за 2023 година во која се дава преглед на очекувањата и навиките на потрошувачите кога станува збор за тргување преку интернет платформите. Во истражувањето биле опфатени 41 земја , а половина од испитаниците изјавиле дека се согласни да чекаат на испораката на пратката неколку денови повеќе, доколку тоа е во интерес на заштитата на околината и дистрибуцијата се извршува со еколошки возила, пренесе „Лидер медиа“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано