Економија

Владата на Србија продолжи со ограничување на цената на лебот

23.05.2024

Владата на Република Србија ја усвои уредбата за задолжително производство и промет на лебот од брашното Т-500 со која се пропишува максимална малопродажна цена во износ од 54 динари, а производната цена да изнесува 46,31 динари.

Владата на Србија донесе одлука и за интервентна продажба на 64.000 тони брашно од пченица на производителите на леб, за да се намалат негативните последици од ограничената малопродажна цена. Покрај ова, на седницата на српската влада била усвоена и уредбата за ограничување на висината на цените на основните животни продукти со цел за заштита на потрошувачите посебно за оние од сиромашните категории, пренесува РТВ.  


фото freepic 

 


 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано