Економија

Возилата на бензин со највисок раст на продажбата во ЕУ

23.05.2024

Во земјите од Европската Унија во април годинава се регистрирани 913.995 нови автомобили, што е за 13,7 отсто повеќе во однос на истиот месец лани, објави Здружението на европски производители на автомобили (АЦЕА).

На сите поголеми европски пазари е забележан годишен раст, во Шпанија за 23,1 отсто, Германија за 19,8 отсто, Франција за 10,9 отсто и во Италија за 7,7 отсто.

Во април најголем пораст на продажбата има кај возилата на бензин за 36 отсто, кај хибридните електрични возила (ХЕВ) зголемувањето е за 29,1 отсто, кај дизел возилата за 12,9 отсто и електричните возила на батерии (БЕВ) со 11,9 отсто.

Бројот на електрични возила на батерии во април е зголемен за 14,8 отсто и изнесува 108.552 автомобили. Учеството на хибридни електрични возила во април 2023 година е 24,9 отсто.

За првите четири месеци во 2024 година, бројот на ново регистрирани автомобили во ЕУ е зголемен за 6,6 отсто и достигна речиси 3,7 милиони возила, пренесува „Политика“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано