Економија
Германските производители ја губат конкурентноста на надворешните пазари
22.05.2024
Германските производители се помалку конкурентни во Европската Унија и на светските пазари, се наведува во извештајот на Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен.
Речиси сите сектори во германската економија пријавиле дека нивната конкурентност во првиот квартал 2024 година се влошува во однос на четвртиот квартал во 2023 година. Исклучок се фармацевтската индустрија и преработувачите на дрво.
Покрај ова, германските производители се под притисок на својот домашен пазар, бидејќи Германија покажува послаби економски резултати од претходниот период, се заклучува во извештајот на ИФО.
Од третиот квартал во 2022 година германските компании сигнализираат дека заостануваат зад конкурентските производители во Европската Унија, а сличен тренд на заостанување прикажале и на глобалниот пазар, пренесува „Политика“.
фото freepic