Економија

Германија ќе го субвенционира транспортот на стоки со железница

21.05.2024

Европската Унија и дозволи на Германија да го субвенционира транспортот на производи со железница во вредност од 1,7 милијарди евра. Целта на германската влада е до 2030 година, околу една четвртина од товарниот соообраќај во земјата да се одвива преку железницата

Комисијата на ЕУ ја одобри исплатата на субвенциите кои ќе помогнат железничкиот товарен сообраќај во Германија да биде конкурентен. Со планот за финансирање до 2029 година германската влада ќе обезбеди буџет од 1,7 милијарди евра за директно субвенционирање во следните пет години, со годишна максимална исплата од 320 милиони евра, пренесе „СЕЕбиз“.   


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано