Економија
Србија и Романија работат на реализација на проектот „Ѓердап 3“
21.05.2024г.
Србија и Романија наскоро ќе потпишат Меморандумот за разбирање за изградба на гасна интерконекција меѓу двете земји, а вредноста на оваа инвестиција која ја опфаќа делницата од Мокрина до романската граница ќе чини 12 милиони евра и ќе биде завршена до 2026 година. Гасната интерконекцијата на српската страна е во должина од 13 километри, а на страната на Романија е 85 километри и за нејзина изградба ќе бидат обезбедени средства од Европската Унија.
Србија минатата година ја заврши интерконекцијата со Бугарија во должина од 109 километри. Овој проект делумно беше финансиран со бесповратна помош од Европската Унија, во износ од 49,6 милиони евра и со поволен кредит од Европската инвестициона банка во износ од 25 милиони евра. Србија обезбеди 15 милиони евра и 7,5 милиони евра за подготвителни работи и проектирање.
Србија и Романија во последните години ја интензивираат економската соработка, а во областа на енергетиката планираат реализација и на проектот за изградба на ХЕ „Ѓердап 3“. По ревитализацијата на ХЕ „Ѓердап 1“ со што се добиени нови 114 зелени мегавати, од наредната година ќе почне и ревитализацијата на ХЕ„Ѓердап 2“.
Владата на Србија ја прогласи изградбата на „Ѓердап 3“ за проект од посебно значење и до сега е завршена претходната студија за оправданоста на реализацијата на овој проект, пишува „Нова економија“.
фото freepic