Економија

Групата Г7 ќе расправа за ризикот од фрагментација на глобалната трговија

15.05.2024г

Групата на седум најголеми светски економии Г7, следната недела ќе расправаат за ризикот од фрагментација на глобалната трговија по воведување на високите царини на  САД  за увоз на производи од  Кина, најави Џанкарло Џиорети, италијанскиот министер за економија.

-       Светот кој го познаваме се движи кон крајот, изјави италијанскиот министер пред состанокот што ќе се одржи во Италија од 24 до 25 мај во градот Стреси, и како што рече тој „Европа ќе треба да ја одреди својата улога во сценариото што се развива“. 

Американскиот претседател Џо Бајден вчера го претстави планот за силно зголемување на царината за увоз на повеќе кинески производи, вклучително и на електричните автомобили, батериите за електрични возила, чипови за компјутери и медицинските производи. Овие мерки доаѓаат во време на изборна година во САД, пренесе „Бизнис.ба“.


фото internationalrelationsedu.org

 

ПРЕПОРАЧАНО