Економија
Невработеноста во Велика Британија се зголеми на 4,3 отсто
14.05.2024г
Невработеноста во Велика Британија во периодот јануари-март 2024 година изнесува 4,3 отсто. Ова е зголемување во однос на четвртиот квартал минатата година, кога таа изнесуваше 3,8 отсто, објави британската Канцеларија за национална статистика.
Вкупниот број на невработени лица во првите три месеци годинава е зголемен за 46.000 и достигна 1,49 милиони. Бројот на вработените е зголемен за 17.000 и сега има 33 милиони вработени лица во Велика Британија. Стапката на вработеност во земјата изнесува 74,5 отсто, а процентот на економски неактивните лица меѓу 16 и 64 години старост изнесува 22,1 отсто, пренесува „Гардијан“.
Платите во Велика Британија во првите три месеца во 2024 година пораснале номинално за шест отсто во однос на претходната година, а реално за 1,7 отсто.
- Десет месеци платите растат побрзо од инфлацијата, а на граѓаните ќе им помогне во борбата со растечките животни трошоци, изјави Џереми Хант, британскиот министер за финансии, пренесува „Политика“.
фото freepic