Финансии / Банкарство
Народна банка на Србија не ја менува каматната стапка
10.05.2024г.
Извршниот одбор на Народна банка на Србија на денешната седница одлучи референтната каматна стапка да се задржи на ниво од 6,5 отсто, која е непроменета во последните десет месеци. Ваквата одлука на Извршниот одбор е направена врз основа на среднорочните проекции на инфлацијата и очекуваните движења на клучните фактори на инфлацијата и зголемените глобални инфлаторни притисоци и неизвесноста во поглед на движењето на светските цени на енергентите, се наведува во соопштението на Кабинетот на гувернерот на НБС.
Внимателноста на монетарната политика на Народна банка на Србија произлегува од светските цени на примарните производи пред се на нафтата, поради геополитичките тензии и продолжувањето на ограничената понуда од земјите на ОПЕК.
Извршниот одбор на НБС соопшти дека меѓугодишната инфлација продолжува да забавува и во март годинава изнесуваше пет отсто. Базната инфлација е со сличен тренд и во март се изедначи со вкупната инфлација.
Во реалниот сектор се остварени поволни ефекти, а затегнувањето на монетарната политика не влијаеле негативно на економската активност во Србија. Според процените на Републичкиот завод за статистика, реалниот раст на БДП во првото тримесечие изнесува 4,6 отсто, благодарение на растот на активностите во трговијата, индустријата и градежништвото, пренесе „Бизнис.рс“.