Вести

ДСЗ: Намалување на индустриското производство за 10,4 отсто

30.04.2024г.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во март 2024 година, во однос на март 2023 година, изнесува 89.6.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во март 2024 година, во однос на март 2023 година, бележи пораст од 1.9 %, во секторот  Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 7.6 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 38.6 %.

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на тутунски производи, Производство на облека, Производство на хартија и производи од хартија, Печатење и продукција на снимени медиуми (записи), Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во март 2024 година, во однос на март 2023 година, бележи опаѓање кај Енергија за 34.9 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 3.4 %, Капитални производи за 5.0 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 12.8 %, додека пораст бележи кај Трајни производи за широка потрошувачка за 3.5 %.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – март 2024 година, во однос на периодот јануари – март 2023 година, изнесува 96.9.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано