Вести

Хрватска не сака да биде евтина туристичка дестинација

22.04.2024г.

Цените за угостителските услуги и хотелското сместување во Хрватска оваа сезона ќе бидат повисоки од пет до десет отсто. Во претсезоната хрватските хотелиери имаат добра посетеност од странски гости, а добро се продаваат и  резервациите за летото 2024 година.

Како најголеми предизвици за годинашната туристичка сезона се недостигот на работници, бирократските пречки при вработувањето, како и сместувањето за странските работници. Хрватските хотелиери се соочуваат и со ризикот од пораст на трошоците за работна сила, потоа трошоците за енергија, а на трето место се повисоките цени за храна и пијалоци.

Хрватска е меѓу десетте омилени дестинации за одмор на Европејците, покажува најновото истражување на Европската патничка агенција.

-       Хрватска не треба да биде евтина туристичка дестинација која за помалку пари го распродава своите туристички атракции. Сакаме да бидеме дестинација која со квалитетот и диверзифицирана понуда секоја наредна година да остваруваме повеќе приходи, соопштуваат од Министерството за туризам на Хрватска, објави „Лидер медиа“.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано