Економија
Инфлацијата во Аргентина достигна 288 отсто
13.04.2024г.
Годишната потрошувачка инфлација во Аргентина во март постигна нов рекорд од 288 отсто. На месечно ниво, индексот на потрошувачките цени минатиот месец се зголемиле за 11 отсто во однос на февруари годинава.
Индексот на потрошувачки цени ЦПИ забележа пораст од 51,6 проценти во првиот квартал , пишува Националниот институт за статистика и попис на населението.
Годишната потрошувачка инфлација во Аргентина во февруари достигна 276,2 отсто и 254,2 отсто во јануари годинава.
Централната банка на Аргентина неделава ги намали каматните стапки на 70 отсто од претходните 80 отсто. Ова е трето намалување на каматните стапки по стапувањето на функција на новиот аргентински претседател Хавиер Милеи во декември 2023 година, објави „Бизнис.рс“.
фото freepic