Економија

Албанија се соочува со ограничувачки фактори за масовен туризам

13.04.2024г.

Албанија во 2023 година била на четврто место во светот со  највисок процент на зголемување на дојдовните туристи од странство, и со раст од 56 отсто во однос на 2019 година. За споредба во 2022 година Албанија имала 7,5 милиони туристи, а минатата година над 10 милиони гости.

Силното заздравување на туризмот придонесе за економскиот раст од пет отсто во 2022 година. Минатата година БДП во 2023 година достигна 23 милијарди долари. Затоа, годинава албанскиот туристистички сектор очекува повторување на минатогодишната сезона, пишува „Еуроњуз Албанија“.

-       Имаме раст од 30 до 40 отсто во резервациите. Некои хотели се распродадени, пополнетоста на хотелите во текот на летните месеци е  60 отсто, а сега сме на почетокот на сезоната, изјави Рахман Каса, претседателот на Туристичката унија.

Туристичкиот оператори очекуваат добра туристичка сезона, но има и некои ограничувачки фактори за да може Албанија да се носи со приливот на голем број туристи.  

-       Имаме недостиг на квалификувани кадри во секторот на туризмот, но и недостиг на инфраструктура, додава Каса во разговор за „Еуроњуз Албанија“.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано